Кичево.Мк го посетија над 30 000 луѓе во септември

Работиме од 11 септември 2012 и за нецел месец бевме посетени од 30 000 луѓе. Секој втор кичевчанец го посетил www.kicevo.mk Така некако изгледаат бројките за изминатите 3 недели според Google Analytics. Очекуваме оваа бројка неколкукратно да се зголеми, се разбира со планираните подобрувања на содржините кои ќе ги понуди страната. Го положивме приемниот испит 🙂 сега одиме понатаму!

Како најчитана тема беа откритијата при изградбата на улицата во чаршијата:

Откриени два бунари при реконструкцијата на главната улица

Откриен и скелет при реконструкцијата на главната улица

Како најсподелуван наслов и убедлив победник е ОГРОМНАТА и веројатно досега најсеопфатна статија за манастирот Света Богородица Пречиста која изобилува со податоци. Споделена е 855 пати до овој момент.

Кичевчани сакаат да читаат најмногу за својот град и тоа е добро.

Веројатно најголемиот број на посетители во исто време беше забележан на 16 септември, 124. Може имало и повеќе, но овој го фативме „жив“

Во просек сме по 20-30 истовремено. Кога се објавува некоја тема, околу 70.

По држави, посетеноста изгледаше вака:

www.Kicevo.Mk бил посетен од сите континенти, од вкупно 56 држави. Не читале и во Замбија :).

По градови, секако најчитани сме од Кичево. За жал, поради несреденоста на IP адресите на нашите оператори, Кичево го нема. Спаѓа под Скопје и Битола. Посетени сме од 528 градови од целиот свет. Големо задоволство ни е што активно не читаат нашинците од дијаспората како и нашите војници од Кабул, Авганистан. Пред 5 години испратија одлични фотографии. Доколку се во можност да ни пишат, ги очекуваме.

До нова година си поставивме рок за ставање на сајтот во полна пареа со уште неколку содржини кои засега нема да ги објавиме, но сме убедени дека и тоа како ќе ви се допаднат. Секако, остануваме отворени за ваши предлози, критики, како и снабдување со информации за да се покријат сите настани поврзани со нашиот град. Ние ќе останеме доследни да ве информираме за новостите, да откриваме историски содржини од минатото на Кичево, да објавуваме фотографии и фотостории, да информираме за поважните настани од Македонија и од светот и секако, добро да се насмееме на некоја хумористична содржина.  Ова му требаше на Кичево, остануваме да бидеме чинители и хроничари на неговата сегашност и иднина и да го запомниме неговото минато.

Ви заблагодаруваме на довербата,

Со почит

www.Kicevo.Mk

kontakt@kicevo.mk