Сердаре – Војводо (33)

serdare-vojvodo

Во науката за комуникологија, општењето „внатре во затворени групи “ изобилува со креативност, надворешна манифестација, неразбирлива за останатите ………..
Со афирмација на честа и чесноста пред сите, а свесно скривајќи работи кои не се за јавност, само се јакне авторитетот, името …….. Ете за таква доблест и почит кон некои традиционални вредности, збришани во сегашноста, да зборуваме …….

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Одбрани како највлијателни преставници од своето племе, добиле задача да спроведат помирување со друго племе. Тргнале на пат и кога наближиле кон првите куќи од домаќините, постариот дал заповед, седнале, свиткале тутун и зел слово:

– …. „Сега кога ќе влеземе во куќата на старешината од нивното племе, кога ќе ти се обратам со Војводо, ти ќе ми возвраќаш со „Така е Сердаре*“. Ти кога ќе се обраќаш кон мене со Сердаре, јас ќе ти враќам со „Така е Војводо“ а кои .омна сме дома, тоа го знаеме само јас и ти“

раскажал Ананија Ј.

P.S. Знаејќи ја оваа мудрост помеѓу нас како пошироко друштво, секогаш кога разговорот со трети лица, забегуваше во несакан правец, особено со можност за изнесување на „работи кои штетат“, доволно беше да му се рече на „некој од нашите“ „Сердаре“ и веднаш разговорот добиваше друг, поинаков тек …………

Сердар* од Турскиот јазик = врховен командант, главен, началник на Генералштаб според воената терминологија ………

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако