Шести по ред детски Меѓународен фолклорен фестивал „Др.Владимир Полежиноски”

Категории: Кичево, Слајдер

Од 4 до 7 овој месец, во Кичево ќе се одржи шестиот по ред детски Меѓународен фолклорен фестивал„ Др.Владимир Полежиноски”. На годинешниот фестивал ќе настапат рекорден број друштва од странство, од дури 7 земји. Фолклорните ансамбли во трите вечери ќе се претстават пред граѓаните наКичево, на отворената  сцена на платото пред Центарот за култура„ Кочо Рацин”.

-Од 4 до 7 овој месец ќе се одржи шестиот поред детскМеѓународен фолклорен фестивал Др. Владимир Полежиноски. За оваа година најавено е учество на рекорден број друштва од странство 7, а ќе биде надополнето со 5 друштва од нашиот град. Од странство ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Бугарија-Струмјани, од Србија- Младеновац, од Хрватска-Загреб,од Албанија-Либрашт како и од Естонија и Белорусија.

Покрај фолклорните друштва од странство, на фестивалот ќе настапат и локалните ансамбли: КУД„ Кочо Рацин”, КУД „Младост”,КУД „Нико Пусоски”, КУД „Бисер” и КУД „Јусуф Албани”. Покрај целовечерните концерти  гостите од странство ќе ги посетат и манастирите во нашиот крај а ќе направат и еднодневна посета на Охрид-рече Вања Вељаноска, директорка на Центарот за култура„ Кочо Рацин”.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , ,