Shift 2 во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Неодамна во нашето Кичево се случи иновативен настан. Станува збор за урбана журка проследена со звуците на електронска музика која преовладува на сите светски сцени.

Младите надежни момци Дарко Цветаноски, Дејан Цветкоски, Бојан Крстески, Костадин Попски, Мартин Богданоски и Божидар Миноски се креатори на настанот така наречен Shift 2, на кој присуствуваа околу 90 луѓе. Нивната прва и единствена цел е да создадат нешто уникатно во нашето општество, кое е одбележано со моментално најмодерната електронска музика. На овогодинешниот настан втор по ред, за добрата денс музика беше “виновен” добро познатиот кичевски DJ Аrdi Flex. Традицијата продолжува…

Го очекуваме Shift 3 во поенергично издание.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,