Силувана немоќна девојка во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Еден кичевчанец и еден албански државјанин добија триесетдневен притвор поради сомнение дека извршиле обљуба врз немоќно лице.

Според СВР Охрид,  полициската станица од Кичево против Е.К. (28) од Кичево и Е.Т. (19) албански државјанин жител на градот Елбасан, поднесе кривична пријава по што истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

По првичните сознанија на истрагата, двајцата на 3 јули, ноќта,  изршиле полови дејствија врз 28-годишна прилепчанка која имала пречки во развојот. Откако ја внеле во подрумските простории во зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево Е.Т. почнал да ја допира девојката по целото тело, а Е.К. извршел полови дејствија.

Случајот го пријавил полициски службеник кој бил во непосредна близина на зградата и го слушнал плачот на девојката од подрумот.

Девојката е пренесена на преглед во општата болница во Кичево, каде бил извршен преглед.

Притворениот албански државјанин имал нерегулиран престој во Република Македонија.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,