Кичевскиот војвода Симеон Савев – Нинев

Категории: Кичево, Ризница, Слајдер

Портрет со војводата Симеон Савев – Нинев или познат како Дедо Симо родум од с. Јагол Доленци (општина Осломеј), Кичевско.

Војводата Симеон Савев – Нинев е роден на 15.01.1841 година во село Јагол Доленци (општина Осломеј), Кичевско Македонија –  починал (не се знае која година) во градот Силистра, Бугарија.

Во 1861 до 1870 година е на чело на ајдучка дружина и дејствувал во Кичевско, Гостиварско, Тетовско, Скопско, Велешко.

Војводата Симеон Савев – Нинев, познат како војводата Дедо Симо е голем Македонски револуционер, Гарибалдиец, војвода на Врховниот Македонски Одрински Комитет, задграничен организатор на четите во Влашко (Романија).

Потекнува од богати родители и како дете бил пратен да учи во манастирот  “Св. Богородица – Пречиста”

Се поголемите даночни притисоци и ограбувања на качачките банди и нивното насилно населување во македонските христијански села во северниот дел на Кичевско каде голема подршка имале од османлиските аги и бегови и нивниот аскер, довело да Симеон Савев Нинев замине како ајдутин на Добра Вода, Сува Гораи во пошироките планински предели на северо-западва Македонија.

Во1861 до 1870 година е на чело на ајдучка дружина и дејствувал во Кичевско, Гостиварско, Тетовско Скопско, Велешко.

Неговиот револуционерен и борбен дух за слобода на секој поробен народ го натерало во 1870 годинада пристапи како доброволец во одредите на Џузепе Гарибалди и учествува во Француско – Пруската војна, назначен е за наредник и знаменосец на одред.

За појавената храброст е награден два пати со француски ордени.

Во 1872 година се населува во Калраш Влашко (Романија). Во 1902 година со чета од 35 души зема учество  во Горноџумајското востание заедно со војводата Тодор Саев од с. Белица- Пиринска Македонија.

Четата на војводата Тодор Саев од с. Белица – Пиринска Македонија војводата Дедо Симо од с. Јагол Доленци (општина Осломеј) Кичевско (заокружениот е војводата Дедо Симо)

Во 1903 година повторно со чета од Влашко (Романија) се приклучува на одредот на војводата Софронија Стојанов родум од с. Цер (општина Другово), Кичевско и војводата Александар Протогеров од Охрид.

Борбата која се водела кај Габрово, Горноџумајско во Пиринска Македонија на ден (15 Април – стар стил) е тешко ранет но успева да се спаси, војводата Софронија Стефанов од с. Цер загинува а останатите четници пребегнуваат во Бугарија и Влашко (Романија).

После востанието под притисок на дипломатските кругови прогонет е од Калраш Влашко (Романија) и се населува преку Дунав во градот Силистра во Бугарија (двата града ги дели само реката Дунав).

На сликата после неговото име Дедо Симо го пишува градот Силистра во Бугарија. Во Силистра останува до крајот на својот живот.

Текст и Фото: Влатко Билески

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,