Во екот на подготовките Симјаноски го напушта Напредок

Категории: Спорт


Иако подготовките на Напредок се во полн ек и сите поверуваа дека овој играчки потенцијал ќе му стои на располагање на тренерот Гордан Здравков за есенската полуетапа, сепак по малку изненадувачки проструи веста дека капитенот Жарко Симјаноски, во следната првенствена сезона ќе го носи дресот на скопски Вардар.

Со овој чин и без тоа ослабениот состав на Напредок уште повеќе ќе загуби на квалитет,  и ако управата на сино -белите не успее во меѓувреме да донесе неколку квалитетни поединци, кичевскиот прволигаш го очекува исклучително тешка првенствена сезона. Инаку летово од Напредок си заминаа: Пашовски, Најдовски, Костенцовски, Василев и Ристески. А во обратен правец пристигнаа само ветераните од Пелистер: Коруновски и Вељаноски.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,