Дали Симјаноски заминува од Напредок?

Категории: Спорт

Иако деновиве владее вистинско фудбалско трансфер-затишје, сепак во Напредок спокојството го нарушува желбата на Вардар, во своите редови да го види капитенот на кичевци Жарко Симјаноски.

Деновиве сите во клубот се во исчекување дали левоногиот фудбалер за врска, сино-белиот дрес на Напредок зимава ќе го замени со црвено-црниот на шампионот.

– Не треба да потсетувам колку во овој момент Симјаноски е важен за нашиот состав, но ако се најде заеднички прифатливо решение, не е исклучено овој фудбалер да се пресели во Вардар. До среда, до кога и Напредок ги почнува зимските подготовки, ќе се знае дали уште на полусезона ќе останеме без капитенот – рече Кочо Зердески, спортскиот директор на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,