Симјаноски: Западна Европа без алтернатива, Вардар на крајот на кариерата

Категории: Спорт


Дека утрото е попаметно од вечерта, најдобар пример и случајот со капитенот на Напредок, Жарко Симјаноски, кој откако сите гласила го прогласија за нов член на Вардар, ја промени својата одлука и сега цели кон странство.

Дури самиот Симјаноски излезе со конкретна изјава во која ги соопшти своите идни планови.

-Ме преселија во Вардар без притоа  јас да бидам прашан, туку сите изјави се добиени од страната на Вардар. Моите планови во моментов воопшто не се поврзани со скопскиот прволигаш, туку приоритетна цел ми е заминување во
некој западно европски клуб. Понуди постојат од повеќе страни, и јас деновиве треба да ја донесам конечната одлука. Едно е јасно, премин во македонски прволигаш не доѓа во предвид. Како резервна и привремена варијанта ми преостанува матичниот клуб Напредок – порача Симјаноски.

Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,