ФОТО: Симона Станковска Мис на полуфиналната вечер во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Полуфинален избор за „Мис на Македонија-2013“, клуб Стефано, Кичево

На полуфиналниот избор за „Мис на Македонија-2013“ што синоќа во се одржа во клубот Стефано во Кичево, во конкуренција беа 10 девојки од речиси сите  градови во земјава.

Симона Станковска Мис на полуфиналната вечер во Кичево

Во изедначена борба Симона Станкоска матурантка од Скопје ја освои титулата Мис на Македонија 2013 од полуфиналната вечер во Кичево.Нејзини придружнички беа тетовчанките Ана Трајкоска прва придружничка  и Христина Димитриевска втора придружничка. Моника Кочовска од Гевгелија ја освои титулата Мис фотогеничност, а како најшармантна беше прогласена крушовчанката  Душица Ристиќ.

Трите најдобро пласира на полуфиналниот избор во Кичево се изборија за директно учество на финалната вечер„ Мис на Македонија-2013“ што ќе се одржи во Дојран кон средината на Август..

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,