„Сите наши песни“ започнува со втора сезона на МТВ

Категории: Македонија, Слајдер


„Сите наши песни“ и оваа сезона ќе трага по таленти низ Македонија. Проектот на Македонската радио телевизија за заштита и афирмација на македонската музика ќе продолжи со веќе познатиот концепт за избор на таленти. Шоуто започнува со натпревар на талентирани учесници од два града, а на тој принцип ќе се опфатат сите градови во Македонија. Потоа следува елиминиција и пласман во четврт финале, полуфинале и на крајот – самото финале. Селектирањето и избирањето на најталентираните кандидати ќе го спроведува стручна жири комисија составена од познати музички имиња од македонската естрадна сцена.

На аудициите што ќе се одржат на 31. август и 1. септември во студиото на Македонската радио телевизија, ќе се направи селекција на најталентираните пријавени музички вокали.

„Првата сезона на музичкото шоу „Танц со ѕвездите“ само дополнително го потврди нашиот став дека во Македонија има вистински талентирани музички вокали. Затоа одлучивме повторно да им дадеме шанса и можност за сопствена афирмација на оние кои се истакнуваат по своите музички квалитети и вокални способности. Очекуваме како и првиот, така и овој пат, да се пријават млади и надежни музички имиња кои со наша, но и со помош на публиката, ќе прераснат во вистински естрадни ѕвезди“ – изјавија од забавната редакција на Македонската радио телевизија.

На аудициите што ќе се одржат на 31. август и 1. септември во студиото на Македонската радио телевизија, ќе се направи селекција на најталентираните пријавени музички вокали.

Право на учество имаат сите заинтересирани кандидати кои се постари од 16 години, а апликацијата за учество можат да ја преземат од веб порталот на Македонската радио телевизија www.mrt.com.mk/info/konkursi  каде што се наоѓаат сите потребни информации за  проектот. Пријавата можат да ја испратат на електорнската пошта sitenasipesni@mrt.com.mk  најдоцна до 25. август 2013 година.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,