СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: Оџата од Октиси повикува на протести против изградба на црква

Скандалозно видео се појави на социјалните мрежи во кое јасно се слуша како оџата од село Октиси ги повикува муслиманските верници на протест против изградбата на црквата Свети Димитрија.

По овој повик во селото стана тензично. Православните верници сакаат да ја возобноват црквата Свети Димитрија која и порано постоела на тоа место. За тоа ги имаат сите потребни документи. Овој инцидент не е прв. Пред неколку години исто така не беше дозволена изградба на црквата откако жители на селото истуриле земја врз темелите на црквата, а потоа и со автомобил го блокирале патот до местото.

Во смирување на вчерашната ситуација пристигнале Дебарско-кичевскиот владика Г. Тимотеј и струшкиот градоначалник, Зијадин Села. Било одлучено за проблемот да се разговара во наредните денови, по што ситуацијата се смирила.

Православни граѓани на селото се разочарани поради тоа што им се скратени основните човекови права на вероисповед и слобода на движење.

Во подгревањето на ситуацијата, покрај селскиот оџа, улога има и поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко кој им ја одзел дозволата за градба на црквата, но по жалбата кај повисоките инстанци повторно ја добиле назад, објаснуваат во парохијата. Рамиз Мерко беше запамтен како манипулант со верските чувства во политички цели. По овие настани, тогаш, на сличен начин беше осквернавена црквата Св. Анастасиј во истото село, виновниците никогаш не беа пронајдени.

Во селото осамнуваат и графити со заканувачки содржини насочени против православното население. Октиси е едно од селата кои неофицијално се врзуваат со делување на радикалниот Ислам, што беше посочено од повеќемина во текот на вчерашниот ден.

Скриншот од вестите на Вести24 во дневникот во 22.00 часот (25 август 2013)
Скриншот од вестите на Вести24 во дневникот во 22.00 часот (25 август 2013)