Заслуживме победа, Шкотска – Македонија 1:1

Иако игравме за победа, на крајот сепак одигравме нерешено. Македонија со одлична игра во 11 минута поведе со 1:0 преку Николче Новески. Во 33 минута имавме можност преку Хасани да поведеме и со 2:0. Неискористената шанса беше казнета со гол и израмнување во 43 минуте преку Милер.

Ова е едно ново издание на нашата репрезентација која и одржа вистинска лекција на Шкотска. Се гледаме на арената Филип Втори во октомври. Со ваква игра заслужуваме да се најдеме на завршницата на Светското првенство во Бразил во 2014.