Пукнала браната на Слатинското езеро, населението се евакуира?

Категории: Македонија

Канал 5 телевизија преку кајрон информира дека пукнала браната на Слатинското езеро, а населението се евакуира.

Tелевизијата засега не излезе со подетални информации, најавуваќи повеќе детали во вечерните вести.

Нетпрес пренесува дека браната напукнала денеска попладне, по што од пукнатините почнале да истекуваат засега поголеми количини на вода.

Од СВР Охрид велат дека веќе се испратени полициски екипи и се прави увид на состојбата. Се стравува дека водата што истекува може да предизвика поголеми оштетување на браната и да дојде до поголема штета.

Од СВР Охрид засега не ги потврдуваат информациите дека се врши евакуација на локалното население од блиското село Слатино поради опасност од поплавување.

Вештачката акумулација, направена во 1963 година, се полни со вода од Мраморечка Река. Вкупно собира 1,4 милион кубни метри вода, со кои се наводнуваат 420 хектари земјоделско земјиште во тој крај.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,