Вечерва славенички концерт на КУД „Бисер” – Кичево

Со вечерашниот концерт КУД„ Бисер” Кичево, ќе го прослави десеттиот роденден. На роденденскиот концерт ќе продефилираат над 150 членови на друштвото од трите секции , а  истиот ќе го сочинуваат три играорни и две вокални и вокално инструментални целини.

-Роденденскиот концерт ќе биде динамичен и нешто поинаков од стандардните. Во трите играорни целини ќе се испреплетуваат игри од сите делови на Македонија, додека во пеачкиот дел ќе настапи и Спасен Сиљаноски, долгогодишен член на друштвото – информира, Младен Ванчоски претседател на Бисер.

-Ние во изминатата деценија одржавме голем број концерти, од кои над 100 во странство. Имаме гостувано во над 15 европски земји, од каде сме се враќале со први награди и признанија , како што беа наградите во Албена, Белград, Закопане , Ускудар и многу многу други. Во нашето друштво продефилирале над 500 членови, од кои добар дел се и денес во друштвото. И покрај тешката економска ситуација во земјава, нашето друштво ќе продолжи да биде културен амбасодор на нашите културни традиции и најдобар репрезент на сите сцени каде и да се појави –додаде Ванчоски.

Почетокот на концертот е закажан за 20 часот.

Текст и фото: Зоран Антоски