ФОТО: 20 сантиметри снег во Хрватска

Од утрово Хрватска е зафатена со обилни врнежи на снег кои предизвикаа застој во сообраќајот на некои места и забрана за движење на тешки товарни возила. Метеоролозите најавуваат пробив на студен воздушен бран во текот на викендот кој ќе донесе промени во времето.

Во Македонија од средината на наредната недела се најавуваат температури до -5 степени целзиусови. Дневните температурите ќе се движат околу 1 степен, а на планините низ државата ќе паѓа снег.