Колумна: Со целиот авторитет за Ташко!

Пишува: Доц. Д-р. Синиша Наумоски

Почитувани Кичевчани, почитувани млади сограѓани, дипломци, млади магистри и идни претприемачи, сакам од се срце да ја споделам оваа моја мисла со сите Вас.

Имено, во мојов живот, иако само 30 години, верувајте, поминав низ сè и сешто. Многу падови, привремни порази од една, и многу победи и успеси, од друга страна. Се борам сам, опкружен само со туѓинци, без никакво лоби околу мене, без политика, без моите родители до мене, и згора на се, надовр од мојот град….Тоа е проклето тешко!

Оваа порака е до сите оние кое се незадоволни, до сите оние кои се разочарани и практично до сите оние на кои од политиката и политичарите им е преку глава.

Почитувани, млади мои сограѓани, јас Синиша Наумоски во 2006 година бев избркан од Министертвото за финансии, од позицијата Виш соработник во секторот трезор, поради тоа што ме сметаа за “комуњар”, понатаму, јас Синиша Наумоски во 2007 година бев избркан од канцаларијата на тогашниот Заменик Главен дражвен ревизор во Државниот завод за ревизија, поради тоа што ме сметаше за “комуњар”… никогаш не станав државен ревизор. Тоа беше најтешкиот дел од мојот живот…

Но, не престанав да се борам, за мојата фамилија, за мојот успех. Имено, во 2007-та се запишав на последипломските студии на Медицинскиот факултет во Скопје на школата за Менаџмент во јавно здравство, и станав најмладиот магистрант со просек 10 (во тоа време), за да на крајот ја донесам навидум мојата чудна одлука, и ѝ се вратам на економијата преку одбрана на мојата докторска дисретација на Унивезитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на само 29 години, со што станав еден од најмладите докторанти во Македонија и моите тези беа прогласени за едни од подобрите.

Вербата во себе и во визијата која бев си ја всадил донесе успех. Јас велам, а многу мои соработници, следнебици и пријатели не можат да ме разберат, а тоа е следново: Колку и да не Ви се логични некои работи во првиот момент, ВИЕ ИМАТЕ САМО ЕДНА ОБРСКА ЗА ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ, а тоа е: да се вложите над својот максимум, да преточите енергија во вашата работа повеќе од потребното… да бидете неприкосновен МОТИВАТОР дури и тогаш кога знаете дека не е така… Еве ден денес, јас зад себе имам 7 години работно искуство, и тоа во повеќе истакнати компании кај нас, меѓу кој се: Семос групацијата, Triple S learning центарот, ТТК Банка, КДС тренинг центарот, Високата школа за бизнис студии Еуро Колеџ, Меѓународниот Славјански Унивезитет Г.Р. Державин Република Македонија – Руска федерација, Универзитетот ФОН – Скопје, GEM – accounting – Скопје и други. Издадов повеќе книги, меѓу кои позначајни се: Екстерна ревизија во комерцијалното банкарство, заедно со Проф. д-р Билјана Ангелова на Унивезитетот “Св. Кирил и Методиј”, Ревизија и менаџмент на финансиски ресурси, заедно со проф. д-р Драгољуб Арсовски, понатаму, книгата Современи концепти на ревизија, заедно со Проф. д-р Билјана Ангелова, на Меѓународниот Славјански Унивезитет Г.Р. Державин Република Македонија – Руска федерација во 2012 година и многу други.

Зошто ова го пишувам? Почитувани, верувајте ми, НЕ за да се истакнам, не за да се докажам, НЕ за да наметнам авторитет, НЕ за да добијам нешто материјално, туку напротив, ова го правам за мојот град, за моето семејство, за историја…

Со еден збор кажано, јас Синиша Наумоки сум првиот што јавно ќе го заокружи бројот на гласачкото ливче за Благоја Деспотоски – Ташко!

КОГА МОЖАМ ЈАС, И ПОКРАЈ СЕТО ТОА ПОГОРЕ КАЖАНО, МОЖЕТЕ И ВИЕ. За кого? За нашето лоби и нашата кауза.

Да живее Кичево!

P.S. на крајот една моја порака, која често е говорам на моите јавни обраќања таму на север во Куманово, цитирам: “од една страна е благослов, но од друга страна грев да се биде денес државен службеник… постои еден и единствен пат за УСПЕХ на секој наш поединец, а тоа е ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО. ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО Е ПАТРИОТИЗАМ и ништо повеќе!