Со помош на судијата Маркоски, Работнички го совлада Напредок

Категории: Слајдер, Спорт

Ако против себе имате силен противник како Работнички, судија  кој е дојден со единствена намера да му одмогне на Напредок како Маркоски, и голман кој на душа носи барем два од трите противнилки гола  како Ристовски, тогаш неможете да сметате на успех на еден првенствен натпревар.
Гостите дојдоа во водство во 13 минута по слободниот удар на Велкоски и лошата интервенција на домашниот голман Ристоски. Во 32 минута една нафрлена топка од страна на Тодоровски од педесетина метри, поради слабата проценка на домашниот голман, заврши во мрежата на Напредок за убедливи 2:0 за гостите од Скопје.
Во 60 минута Напредок успеа да го намали водството на гостите по акцијата на Цветаноски и реализацијата на Кркелиќ. Во 86 минута гостите преку Трајчески успеаја да постигнат и трет погодок и да го решат победникот на натпреварот. Во 65 минута Напредок преку Цветаноски ја погоди гредата од голот на Зечевиќ и ја пропушти најубавата шанса за израмнување. Домаќините по натпреварот имаа сериозни забелешки кон арбитражата на главниот судија, Марјан Марковски.
-Во два наврати судијата Маркоски не досуди очигледен пенал за Напредок, најпрво во 42 минута прекршокот над Вренцоски го извади надвор од 16 метри и во 63 минута очигледната игра со двете раце на Најдоски  во својот шеснајсетник ,судијата Маркоски не ја оквалификува како најстрога казна за Напредок- рече првиот оперативец на клубот, Илија Китаноски
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,