Ние со тримесечен курс бараме (10)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Колку ли само пати во животот човек е доведен во ситуација за негови судбоносни прашања, да одлучуваат луѓе со недоволни квалификации !!? ……… Школуван во Солун од 1937, па во Букурешт се до почетоците на II – та Светска војна, каде зел активно учество. Потоа во првата Македонско – Албанска бригада како партизан со потекло од Егејска Македонија и со значајни функции. Во 1945 година ја запознава својата идна сопруга во манастирот Света Пречиста и останува да живее во нашиот град. После војната дозавршува Ветеринарен факултет во Загреб и се враќа во Кичево.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Во ветеринарната станица, од народот викана „Марвенана“ отворен конкурс за директор. Конкурирал, ама уште при прегледот на документите му кажале од комисијата дека не ги исполнува условите, бидејќи тие барале кандидат со завршен курс по ветеринарство после средното образование. Се обидел цивилизирано да им објасни дека неговиот факултет вреди колку 16 курса што тие ги бараат. Неумоливо, дрско го одбиле со зборовите: – „Оди таму, што не малтретираш, ние со тримесечен курс бараме“.

Видел со кои ќутуци од луѓе има работа и заминал во тогашното Поверенство (влада) на Република Македонија образлагајќи го неговиот проблем. Само можам да претпоставам што му „е речено“ на претседателот на комисијата за вработување по телефон од Поверенството, но се разбра главното: – „Уште денес ќе го назначите за директор на Ветеринарната станица …….Па ние таков квалификуван кадар во Македонија (1947 година) имаме само двајца, а вие уште и курс ќе му барате’!

раскажано со помош од неговиот син Костадин К.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,