Македонскиот филм „Соба со пијано“ од 5 до 8 во кичевското кино

Категории: Кичево, Слајдер

Од 5 до 8 октомври во киното од Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево , премиерно ќе биде прикажан филмот „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов. Овој филм штотуку ја имаше скопската премиера а за првпат беше прикажан и на фестивалот во Битола.

Така што филмофилите од Кичево ќе ја имаат таа привилегија, меѓу првите во земјава да го проследат најновото филмско остварување создадено на овие простори. Главните улоги ги толкуваат Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев и други. Сценариото е на тандемот Жанина Мирчевска и Игор Иванов.
Претставите започнуваат во 20 часот а цената како и за претходните претстави е само 50 денари.
Од Центарот за култура најавуваат дека во иднина приоритет ќе бидат филмовите кои се актуелни и кои се од поновата како домашна така и странска продукција.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,