Во Порече ќе се градат четири соларни електрани

Категории: Македонија

Во наредните две години кај селото Инче бродско е најавена изградба на четири соларни електрани, кои ќе имаат вкупно инсталирана сила од четири мегавати или поединечно секоја електрана ќе има капацитет од еден мегава.

-На површина од 100 000 метри квадратни во реонот на село Инче, наскоро ќе почне изградбата на четири соларни електрани со вкупен капацитет од четири мегавати. Идниот концесионер  со земјиштето ќе управува во наредните 99 години по цена од 25 денари за еден квадрат. Планирано е изградбата на овие електрани да заврши за две години, а за што ќе бидат ангажирани околу 80 работници од нашиот регион, додека 40 лица ќе добијат постојана работа по завршувањето на изградбата – вели Милосим Војнески, првиот човек на бродската администрација.

Електраните ќе бидат повеќенаменски.

– Освен за производство на електрична енергија, соларните електрани ќе можат дополнително да се користат за затоплување на вода за оранжерии за цвеќиња или за производство на зеленчук, што ќе биде од дополнителна корист од изградбата на овие електрани – додава Војнески.

Засега две странски компании пријавија за добивање на овој тендер. Една е полската „Екоенерџи“, додека другата компанија е од Израел со доминантен американски капитал.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,