Тешка сообраќајка на патот Кичево – Охрид, двајца повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат Охрид – Кичево, информира СВР Охрид.

Во сударот помеѓу две патнички моторни возила, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште едно е полесно повредено.

Тешко повредениот веднаш бил префрлен во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по што му била укажана медицинска помош.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)