Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар – Еден загинат и еден тешко повреден

Категории: Македонија, Слајдер

Педесет и девет годишна гостиварчанка го загуби животот од повреди кои ги здоби во сообраќајната несреќа што се случи во 13 часот и 15 минути, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на гробиштата во Ново Село, Гостиварско информираат од СВР Тетово.

Во сообраќајната несреќа учествувале џип „Ландровер“ со странски регистерски ознаки, кој се движел кон Маврово, управуван од И.Х. (73) од Речане и „Мерцедес“ со прилепски таблици, што се движел кон Гостивар, управуван од Р.А (24) од Долнени.

Во судирот, возачот на џипот и сопатничката Љ.И. (59) се здобиле со тешки повреди и биле транспортирани кон скопските клиники. Л. И. починала на пат кон Скопје. Возачот и двајцата сопатници од Мерцедесот, исто така, биле згрижени и задржани на лекување.

Полицијата изврши увид и се превземаат активности за расветлување на сите поединости поврзани со причините за сообраќајната несреќа.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,