ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ отворени за соработка во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во одделни изјави попладнево изразија подготвеност за соработка во Кичево, Струга, Долнени и Брвеница.

Игор Ивановски, шеф на изборниот штаб на СДСМ прашан  дали ќе предложат кандидати за некои специфични општини, како Струга, Кичево, Брвеница, Јагуновце и Долнени, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ најавува дека е возможно излегување со заеднички кандидати, одговори:

– Подготвени сме и во Струга и во Кичево да го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, но во исто време, бараме и тие да ја поддржат нашата советничка листа и таа листа, всушност, да биде заедничка, на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до другите општини кои ги спомнавте, Долнени и Брвеница, во овој момент сѐ уште не сме отвориле никакви разговори.

Малку подоцна, на прес на ВМРО-ДПМНЕ излезе Илија Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека не само Кичево и Струга, туку и Долнени и Брвеница се посебен предизвик за двете најголеми политички партии.

– Отворени сме за соработка со СДСМ во сите овие четири општини, Струга, Кичево, Долнени и Брвеница. Се надеваме дека таа соработка ќе биде врз база на заеднички утврдени принципи и програмски пристап во овие општини, рече Димовски.

Прашан дали е можна соработка во општините каде Македонците се во малцинство, а имаат шанси да победат, Димовски повтори дека се отворени за соработка и оти тоа е од огромно значење за гласачите на двете политички партии во тие општини.

– Сметаме дека ќе знаеме да го цениме интересот на граѓаните и се надеваме дека ќе најдеме модел како соработката да донесе позитивен ефект за нашите гласачи во Кичево, Струга, Долнени и Брвеница, истакна Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ веќе има истакнато советничка листа во регуларниот рок за доставување на кандидатурите. Поради познатите настани, рокот за доставување на кандидатури беше пролонгиран до петок, 8-ми март, 00 часот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,