Советниците Македонци ја напуштија седницата на советот на општина Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

На вчерашната седница на кичевскиот совет на дневен ред беше изгласувањето на членови на управните одбори на ЈП Комуналец – Кичево и на основните и средните школи во Кичево.

Бројот на членови на Управниот одбор на ЈП Комуналец бил зголемен за уште 2 члена, од 9 на 11 членови. Предлогот во новиот управен одбор да има само 2-ца Македонци, наишло на силно негодување од коалицијата „Кичевчани за Кичево“.

Од коалицијата велат дека соодносот во кичевскиот совет е 45% спрема 55%. Дополнително на ова маргинализирање е тоа што двајцата Македонци не биле нити предложени од коалицијата „Кичевчани за Кичево“, туку претставниците на ДУИ сами ги предложиле и си ги изгласале, без согласност на македонската опозиција во советот која гласала против.

Во гимназијата „Мирко Милески“ и во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу“, „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Христо Узунов“ во Другово, каде наставата ја следат македонски класови, советниците на ДУИ во секој Управен одбор вметнале по 1 Албанец. Додека, пак, во Управниот одбор на гимназијата „Дрита“ и по основните училишта каде наставата се изведува на албански јазик нема ниеден Македонец.

Предлогот да има по еден Македонец во управните одбори во училиштата каде наставата е на албански јазик на коалицијата „Кичевчани за Кичево“ бил одбиен од советниците на ДУИ.

Македонци нема нити во Управниот одбор во основното училиште „Санде Штерјоски“ каде има настава и на Македонски јазик. На оваа одлука негодувал претставникот на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, Идавер Реџепоски, кој побарал да во Управниот одбор да има еден претставник Ром, бидејќи во тоа училиште учат голем број на ромчиња. Неговиот предлог бил одбиен.

Откако не беше прифатен ниеден предлог, претставниците на „Кичевчани за Кичево“ ја напуштиле седницата и без нивно присуство биле излгасани управните одбори за дел од градските и за приградските училишта. Советниците на ДУИ воопшто не ни дискутирале по точките туку едноставно истите биле изгласани.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , ,