Советот на општина Кичево без решение за проблемот со греењето на две училишта

Sovet-Kicevo-Nov

Советниците во општина Кичево денеска во рамки на 23 седница се обидуваа да изнајдат решение за проблемот со обезбедување нафта за греење за две основни училишта во градот кои веќе три недели ја бојкотират наставата.

Советникот од редовите на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, Дејан Пандилски побара нафтата за греење да се обезбеди од буџетот на општината, но овој предлог од мнозинството не беше прифатен. По долга дискусија преседателот на Советот, Ќамил Алиу даде пауза за кординација.

По кординацијата, советничката на ДУИ, Ардита Дани предложи на дневен ред на Советот да биде точката според која, Советот на општина Кичево ќе бара Владата од државните резерви да ја обезбеди нафтата за кичевските училишта. Овој предлог со мнозинство гласови беше прифатен само од советниците на ДУИ, што значи против гласаа советниците на коалицијата „Кичевчани за Кичево“.

Седницата на Советот се уште трае и на дневен ред има 20 точки.