Совршена сезона за кадетите на кичевски Напредок

Категории: Слајдер, Спорт

Како што во есенскиот дел играа сениорите на Напредок кога дојдоа на чекор од Европа, така и кадетите од истиот клуб зад себе имаат совршена сезона, во која остварија 7 победи во три наврати играа нерешено и без ниту еден пораз го очекуваат последниот првенствен натпревар пред своите гледачи оваа сабота против екипата на Гостивар, исто така аспирант за Супер лигата..

-Можеме да бидеме повеќе од задоволни од постигнатото во оваа првенствена сезона. Остваривме резултати какви што посакува секоја екипа ,и се наоѓаме пред вратите на супер лигата во кадетска конкуренција. Ни преостанува да го одиграме последниот првенствен натпревар со екипата на Гостивар пред нашите гледачи, и да ја заокружиме совршената првенствена сезона. Располагаме со 18 речиси подеднакво квалитетни фудбалери, но сепак јас би ги издвоил триото Дивковиќ, Цокоски и Сефери, кои се лидери на овој состав, но не треба да ги прескокнеме и најмладите но и најталентираните Наумоски и Пајазити, кои се иднината на нашиот клуб бидејќи само со силен подмладок утрешнината на Напредок е загарантирана на подолг рок-рече Бобан Дујковиќ, тренер не кадетите на Напредок.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,