Срби брутално претепале кичевчани пред клубот „Хавана“ во Охрид

Категории: Македонија, Слајдер

Во Охрид пред ноќниот клуб „Хавана“, во 05.30 часот утрово, српските државјани И.Р. (25), М.А. (21), Д.С. (25), М.Ѓ. (26) и Д.А. (26), физички ги нападнале Б.А. (23)  и А.Ј.(26)  двајцата од Кичево.

МВР денеска соопшти дека при нападот тие што ги удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а употребиле и стаклено шише, при што им нанеле видливи повреди.

На повредените им  е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во  Охрид.

Од страна  на  Полициската станица во Охрид  во тек се мерки  за расчистување на случајот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,