Работна средба на Регионаланта комора Кичево и Регионалната комора Прилеп

Во канцеларите на Регионалната комора Кичево при Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба помеѓу претседателот на Регионалната комора – Кичево Игор Соколески и претседателот на Регионалната комора  Прилеп, Симон Наумоски. На  бизнис средбата учество зедоа и фирми кои  се членки и кои имаат меѓусебна соработка.

Претседателот на Регионалната комора од Прилеп Симон Наумоски, директор на фабриката Витаминка Прилеп беше придружен од уште  неколку фирми од Прилеп.

На средбата се дискутираше за  моменталната состојба во економијата и очекувањата за идната година, како и насоченоста на фирмите кон свое производство  и  промените на законот за финансиска дисциплина.

Главен акцент се стави на интензивирањето на меѓусебната соработка на фирмите Кичево – Прилеп и поголема застапеност на македонските производи во трговијата.

Во рамки на посетата беа посетени кичевските фирми Жито Караорман АД, Атва Марекети, а беше и презентирана минералната кичевска вода на фирмата МСС-95, под името Акватика.