Угостителите од Кичево на средба со инспекциските органи од Кичево и Охрид

Категории: Кичево, Слајдер

Вчера во салата на советот на ЕЛС Кичево, ПС Кичево  во соработка со СВР Охрид и локалната самоуправа, одржаа состанок со угостителите од Кичево, на која главна тема беше функционирањето на угостителските објекти во летниот период и работното време во овој дел од годината .

По опширното излагање на инспекторите од Кичево и Охрид, со своја дискусии учество зедоа и угостителите од градот, кои побараа толеранција од страна на инспекциските органи и непречено функционирање на угостителските објекти во рамките на законот. Така што беше соопштено дека во период од 23 до 06 часот и од 15 до 18 часот гласноста во угостителските објекти да изнесува 55 децибели, додека во останатиот дел од денот таа да изнесува 60 децибели. Што се однесува до работното време , угостителските објекти да работат до 1 часот по полноќ, со исклучок на празници или други свечености кога работното време се продолжува за
2 часа.

Командирот на ПС Кичево Тони Крстески им посочи на угостителите од градот, дека ги имаат во предвид и нивните проблеми, имаат разбирање за одредени отстапувања, но нема да толерираат драстично прекршување на законите, а тоа значи подолгорочно продолжување на времето за работа, како и несоодветна гласност од угостителските објекти во време кое е надвор од со закон пропишаното време.

Tекст и фото:Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,