С.ссс.. сспава госпоѓо, сссспава… (21)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница


Само оригиналните досетки во „критичен момент“ се паметат, евоцираат, прераскажуваат ……
На еден, на крајот од годината при пописот му фалело, кусок бил 1.500 кг. риба како одговорен во „општествен“ (сечиј и ничиј) рибник. …. „Видрата ги изеде“ – рекол. /Таа колку Ајкула да не била !!? – возвратиле од пописната комисија.
Друг, при недостаток на шини од пругата (Кичево – Охрид) и пронаоѓање иссесечени парчиња во неговиот двор рекол: – „Децата ги украле/Како можат деца да подигнат 100 кг !!??/Од кај знат деца што се 100 кила“ …..
Полека ама сигурно и во градските кокошарници фалело, се намалувала бројната состојба на пердувестата живина. – ….„Ако е сипка* ќе најфме нешто од кокошката, ако е ласица пак ќе останеше трупот, пердуф, ама вака ништо да немат, од чоечка дијанија* е“………..се жалеле засегнатите граѓани.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Конечно фатен, однесен в милиција, му удриле дајак* и „пропеал“. Тој тепкав, пелтечел природно од мајка, а пак при возбуда, страв …. оди разбери го.
…. „Е кажи сега како ги крадеше кокошките ?/Ќе појф в темнина, ќе е фатев, ќе и го завртев вратот и само ќе чуја: …..ЧААКРРРРРРРР ……….Одма дур не е остината ја нудев по војнине згради на жени од војни лица, оти тие имат пари* ……….
Утредента „истече“ информација од внатрешен крт во Милицијата: ..ко ги крадел кокошките низ град со детален опис од признанието ?!!! Дур умре завалијата* го носеше прекарот .ско Чаакррррррр

19 : 45 сатот, Војна зграда. Се слуша ѕвонче, се отвора вратата, излегува госпоѓа Кобетиќ:

-„Шта си то донео ..амедине ?

-Кккоккицa

-Па шта јој је, сва је увенула !!?/

-С .ССС .. ССПАВА ГОСПОЃО, СССПАВА

……. а од другaта соба се слушнал машки, заповеднички глас: – „Дај човеку паре, зар не видиш да му требају за филм у 8 : 00 “

…оваа автентична случка е раскажана од семејството Кобетиќ*

Сипка* = болест кај пердувестата живина, се појавува како засипнатост за да после 2 – 3 дена заврши со сигурна смрт ……
Дијанија* од Турскиот јазик = род, потекло ………
Дајак* од Турскиот јазик = ќотек, тепање …….
Пари* – по лично кажување на самиот Кобетиќ, со тогашната негова месечна плата како Воено лице, можел да купи 75 јагниња, а за кокошки пресметајте Вие !!!
Завалија* од Турскиот јазик = за жалење, сирот, беспомошен, ……
Кобетиќ* – семејството Кобетиќ денес живее во Задар, република Хрватска со најпрекрасни спомени за Кичево и нивниот престој во нашиот град.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,