При контрола во „Стара централа“ најдени и протерани српски државјанки

При извршена контрола, минатиот викенд во угостителскиот објект „Стара централа“ во Кичево биле затекнати две државјанки од Република Србија кои немале легален престој и работа во Република Македонија – информира СВР Охрид.

По поднесената прекршочна пријава им била изречена парична казна и забрана за влез во Република Македонија за време од една година.