Стари изреки, гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (3)

Категории: Ризница, Слајдер

Трет напис со изреки од Кичево и Кичевско. Овој пат и од Цер, Пласница, Брждани и Попоец.

Овие гатанки и народни умотворби се собирани од јероѓаконот Јосиф од манастирот Света Богородица Пречиста. Тој грижливо ги собирал од народот и ги објавувал во Цариградскиот весник „Новини“ во периодот од 1890 до 1905. Благодарение на него биле спасени од заборав и ги имаме денес. Со нив се поучувале, плашеле, тешеле, објаснувале… нашите предци.

За да ги зачуваме оние кои не се запишани, ве молам испратете ни ги на kontakt@kicevo.mk и ќе ги додадеме на листата.

Продолжуваме со неколку од Кичевско:

Секој голец војводинец.

Не се боди жив со Рим-папа.

Итра була во празна кула.

Кому грешка и посмешка.

Со силица Василица ( се вели на пр. кога некој се весели без да има зошто).

Ни лук јал, ни лук мирисал.

Кај да го садиш никнало како лук. (За не мил човек).

Ти го бркаш од село, тој те прашат за попа куќа.

Други изреки

Кому бурџа бурџица, мене бурџа мајчица. (с. Пласница, Кичевско).

Врбоа огреа, зетоа поткрепа (т.е колку што грее, затоплува, врбова прачка толку поткрепува домазетот.)

Оф седни, оф стан и, цел стави не крени.

И осмела се и не осмела, окутро те – пак таја си (и кичила се, и не кичила…)

Прашуј патилец, а не гаталец.

Гатанки, од с. Цер

Беше едно магаренце, без бров кољје носеше. (Еж).

Б’лва роди кукуда. (Семе и зелка)

Влези, излези црвени мрави со скугурче в рака. (Жени со свеќи од црква).

Два старца се биеја, бели бради скубеа. (Гребни за волна).

Живо, живо живуле, на грмада седеше, живо месо тегнеше. (Цицалче, дојалче детенце).

Еден покрив, се поле покри, Мара не. (Снег и река.)

Кусо мече дрен тресит. (Појасмалка – гребен за чешање коноп).

Кусо, кусо кундале, наредено петлици. (Грозд).

Лежит Мара в камара, чекат сина од синџира. (Кокошката на несење).

Лани Грци поминсаа,  шапките и остаја. (Желади и чешурките).

Лута кучка трици плукат. (Пила)

Мртва квачка над живи пилиња. (Куќа и луѓе).

На секоа ричка и свеќа. (Качунки – пролетно цвеќе).

Ни ткаено, ни рабено, со еден раб порабено. (Орев).

Преку рид капина. (Рачка од котел за вода).

Пупунче пупат, катана зејт. (Клепало и врата црковна).

Смок свирит, татјана играт. (Цифунот и колцето воденички)

Сив коњ сереше, мајка береше. (Сито)

Царот зелен, аскерот црвен. (Дрен)

Јаже, јаже роди теле. (Тиква).

Гатанки од с. Попоец

Одгрни си парталите, фати се за доброто. (Пченка, мамули).

Крива Дина Деспина роди сина спаија. (Лубеница, карпус).

Бесплоден на бесплоден јааше, од кожа дисаѕи носеше, од дрво млеко береше. (Монах, муле (маска) и дрвено масло).

Гатанки од с. Брждани

Без душа а ојт. (Саат)

Дење јадет живо месо, ноќе бројт ѕвезди. (Остен).

Квачката мртва, пилињата живи. (Куќа и луѓе).

Мало чоече, големо сенче. (Свешник).

Оноа тамо со седумдесет имиња. (Рогузина од јажици ржени.)

Удолу јадет, угоре ваѓат. (Сврдел).

Црвено висит, козиноо му се мислит. (Месдо и маче).

Се внатре саде глата надвор. (Брут).

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,