Во Сирија изградена статуа на Исус Христос со рекордна големина

Категории: Свет, Слајдер

Бронзена статуа на Исус Христос, повисока од познатата статуа на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, се појави во раскината од војни Сирија. Статуата наречена „Дојдов да го спасам светот“  била наводно замисла на Јури Гаврилов, 49 – годишен московјанин кој раководи со организацијата во Лондон наречена фондација на св. Павле и св. Георгиј. Проектот бил поддржан како од Руската православна црква, така и од Руската Влада, која активно се интересира за Сирија, како што и се гледа од неодамнешните настани. Русија исто така има и морнарска база на Сирискиот брег на Медитеранското море.

Покрај руската поврзаност со статуата, таа сепак била излеана во Ерменија и направена од страна на Ерменскиот скулптор Артуш Папојан. Цели бранови на сириските етнички Ерменци ја напуштаа земјата уште од самиот почеток на конфликтот, и тоа до тој степен, што Ерменија мораше да изгради нова населба наречена нов Алепо за да ги смести, известува информативниот веб сајт Еurasianet.оrg. Населбата е наречена според од војна уништениот северно-сириски град, каде што живеат повеќето етнички Ерменци во Сирија. Некаде 7 илјади сириски етнички Ерменци сега бараат азил во  Ерменија, изјавија Ерменските новински агенции.

Ерменската статуа била поставена на 14 октомври што се совпаѓа со два верски празника – и на православните христијани и на муслиманите. Православните христијани го слават Покровот на Пресветата Богородица Марија, а муслиманите слават Курбан Бајрам.

Иако целата воена активност беше запрена во областа каде се поставуваше статуата, проектот е во сила уште од 2005 година и не е поврзан со сегашната воена криза во земјата, изјавува Комсомолскаја правда.

Статуата се наоѓа на врвот на планината близу градот Саиднаја. Таа е близу манастирот на херувимите, издигната над историската поклоничка маршрута од Константинопол до Ерусалим и е на 2100 метри надморска висина. Се издига 39 метри во височина заедно со пиедесталот,  повисоко од статуата на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, која оди во височина до 38 метри. Огромната статуа може да се види од соседните земји Либан, Јордан, Палестина и Израел.

Директорот на Гавриловата фондација Свв. Павле и Георгиј, Самир ел – Гадбан, ја нагласи важноста на статуата во оваа од војни зафатена земја и ги изрази своите надежи за иднината.

„Се надеваме дека оваа скулптура ќе донесе мир и љубов во срцата на луѓето и дека нашето дело ќе помогне за возобновување на мирот и спокојството во овој долги години намачен регион, изјави тој за Комсомолскаја правда.

Извор: Бигорски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,