Кичевчанецот Стефаноски пред трансфер во белгискиот Зулте Варегем

Категории: Слајдер, Спорт

Комплетирањето на неопходната документација, потребна за добивање работна дозвола, е последното скалило од дефинитивниот трансфер на поранешниот фудбалер на Напредок, Владимир Стефановски во белгискиот прволигаш Зулте Варегем.

22-годишниот Стефановски по настапите во домашните шампионати за Напредок, Влазерими и Цементарница 55, минатата сезона беше шест месеци дел од втората екипа на Зулте Варегем, па оставајќи квалитетен впечаток сега го очекува дефинитивниот премин во белгискиот тим.

„Овој преоден рок се очекува комплетирањето на трансферот во Зулте Варегем. Сигурно ова е голем чекор напред во мојата кариера, и момент плус за дополнителен фудбалски развој“ – ни изјави Стефановски.

Трансферот на Стефановски во редовите на Белгијците би значело и место за втор Македонец во овој тим, покрај репрезентативниот напаѓач Александар Трајковски.

Извор: Екипа.Мк

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,