Владини стипендии за студии на врвни школи за „фини уметности“

Категории: Македонија, Слајдер

Владата на Република Македонија ќе доделува полни стипендии за студирање на 86 реномирани универзитети и специјализирани школи од областа на „фини уметности“ односно за музика, филм и ликовна уметност за кои ќе важи конкурсот за нивно добивање.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес – конференција информираше дека ќе биде покриена комплетната сума потребна за финансирање на студиите односно школарината и трошоците за престој на студентите кои што ќе се запишат на универзитетите и специјализираните школи.

Конкурсот за доделување ступендии ќе трае до 31-ти август период кога сите граѓани на Република Македонија ќе можат да аплицираат, да се запишат на некои од 87 универзитети и специјализирани школи и на тој начин да добијат стипендија.

– Стипендиите ќе важат за довршување на додипломски студии и магистерски студии во рамки на овие школи, појасни Ѓорѓиев и додаде оти целта е да им се даде можност на младите да го надградат  своето образование во рамки на најреномираните универзитети и специјализирани школи, но и да се даде додатна вредност на постоечките кадри во Република Македонија во однос на овие областа за развој на овие дејности, како и меѓу другото нови вработувања.

Тој потенцира дека одлуката на Владата е да нема никаков лимит во однос на сумата на средствата која би се исплаќала поединчено по стипендија, ниту пак во поглед на вкупниот број издадени стипендии. Интенцијата е, истакна, што поголем број млади луѓе да се стекнат со оваа можност, а државата ќе ги подмири трошоците независно од бројот студенти кои ќе се запишат. Висината на стипендијата не може прецизно да се определи, затоа што таа варира зависно од четирите различни правци за студирање, времето на студирање…, а се работи и за 87 различни универзитети и специјализирани школи.

Според владиниот портпарол, за да се добие стипендија, потребно е студентот да се запишал на некои од наведените образовни единици, а Министерството за образование и наука во рок не подолг од 10 дена треба позитивно да му одговори врз основа на доставени документи.

– Лицето кое добило стипендија има само една обврска, а тоа е по завршување на студиите да се врати и да твори во областа која ја завршил школата, во период двојно подолг од времето што било потребно за реализација на неговите студии, истакна Ѓорѓиев.

Листата на 86-те универзитети и специјализирани школи е составена од страна на министерствата за образование и за култура, а во неа влегуваат 32 школи од обалста на музиката, од ликовната уметност 21 училиште, за кинематографија и филмска продукција се 19 и 15 се од областа на драмската уметност.

Највисоко рангирани универзитети од областа на музиката се:

        Guildhall School of Music & Drama, Oбединето Кралство

       Royal Academy of Music, Oбединето Кралство

        Royal College of Music, Oбединето Кралство

        Royal Conservatoire of Scotland, Глазгов, Шкотска

        Appalachian State University, Северна Каролина, САД

       Baldwin-Wallace Conservatory of Music, Охајо, САД

        Bard College Conservatory of Music, Њујорк, САД

        Berklee College of Music, Бостон, САД

        Belmont University School of Music, Охајо, САД

        Boston Conservatory, Бостон, САД

        Bowling Green State University College of Musical Arts, Охајо, САД

        Brigham Young University School of Music

        Julliard School, Њујорк, САД

        University of Rochester, Њујорк, САД

        Vanderbilt University, Тенеси, САД

        Oberlin College, Охајо, САД

        Manhattan School of Music, Њујорк, САД

        San Francisco Conservatory of Music, Сан Франциско, САД

        Indiana University – Bloomington, Индијана, САД

        Curtis Institute of Music- Пенсилванија, САД

        New England Conservatory of Music, Масачусец, САД

        University of Cincinnati, Охајо, САД

        Cleveland Institute of Music, Охајо, САД

        University of Hartford (Hartt), Конетикат, САД

        SUNY – Stony Brook, New York, Њујорк, САД

        Аton Bruckner Private University for Music, Drama, and Dance, Обединето Кралство

        Mozarteum University of Salzburg, Салцбург, Австрија

        University of Music and Performing Arts, Грац, Австрија

        Gnessin State Musical College, Москва, Русија

        N. A. Rimsky-Korsakov Saint Petersburg State Conservatory, Санкт Петерсбург, Русија

        Saint Petersburg Court Capella, Санкт Петерсбург, Русија

        Moscow Conservatory, Москва, Русија

Највисоко рангирани универзитети од областа на ликовната уметност се:

         The School of the Art Institute of Chicago, САД

        Rhode Island School of Design, САД

        University of Cincinnati, САД

        Carnegie Mellon University School of Design, САД

        Parsons The New School for Design, САД

        Pratt Institute, САД

        Royal College of Art, Обединето Кралство

        D School: Institute of Design at Stanford University, Обединето Кралство

        Copenhagen Institute of Interaction Design, Кралство Данска

        International Fashion Academy – Paris & Shanghai

        San Francisco Art Institute, САД

        The School of Art and Design Berlin, СР Германија

        University of Madrid, Кралство Шпанија

        Central Saint Martins College of Art and Design, Обединето Кралство

        The Academy of Fine Arts Prague, Р.Чешка

        Ilya Repin St.Petersburg State Academic Institute of Fine Arts, Sculpture and Architecture, Русија

        Wellesley College, САД

        Accademia Belle Arti Bologna, Р. Италија

        The Florence Academy of Arts, Р. Италија

        Oslo National Academy of the Arts, Кралство Норвешка

Највисоко рангирани универзитети од областа на кинематографијата и филмската продукција се:

         American Film Institute, Лос Анџелес, САД

        Beijing Film Academy, Пекинг, Р. Кина

        California Institute of the Arts, САД

        The Film and TV School of the Academy of Performing Arts in Prague, Р. Чешка

        Wesleyan University, Конетикат, САД

        The National Film and Television School, Обединето Кралство

        University of Television and Film (HFF) Munich, Германија

        Centro de Capacitacion Cinematografica, Мексико

        Italian National Film School, Рим , Италија

        Gerasimov Institute of Cinematography, Москва, Русија

        London Film School, Обединето Кралство

        New York Film Academy, САД

        VGIK, Moсква, Русија

        La Fémis – France

        Deutsche Film und Fernsehakademie, Берлин, Германија

        Hong Kong International Film Academy, Р. Кина

        INSAS, Brussels, Белгија

        Vancouver Film School, Канада

        Le Conservatoire de Paris, Франција

Највисоко рангирани универзитети од областа на драмската уметност се следниве:

        California Institute Of The Arts School Of Theatre, Лос Анѓелес, САД

        Suny Purchase Conservatory Of Theatre Arts, Њујорк, САД

        The Juilliard School, Drama Division, Њујорк, САД

        Syracuse University School Of Drama Њујорк, САД

        UCLA , Лос Анѓелес, САД

        University Of Essex, Колчестер, Обединето кралство

        National Institute Of Dramatic Art, Кенсингтон, Австралија

        Royal Academy Of Dramatic Art,  Лондон, Обединето кралство

        Queen Mary, University of London, Обединето Кралство

        Guildhall School of Music & Drama, Обединето Кралство

        Trinity Laban Conservatoire of Music and Dance, Обединето Кралство

        University of East Anglia, Обединето Кралство

        Lancaster University, Обединето Кралство

        Conservatoire for Dance and Drama, Обединето Кралство

        University of Sussex, Обединето Кралство

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,