Жените повеќе жртви на насилство отколку на тешки болести

Категории: Македонија, Слајдер

kraj na nasilstvoto

„Направи го твоето соседство портокалово“ е паролата која денеска во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, беше упатена на означувањето на почетокот на кампањата „16 дена активизам против насилството врз жаната и девојчињата“, како дел од глобалната кампања на ОН “Orange your Neighbourhood”.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето обраќање рече дека потребно е сите ние како индивидуи, но и како општество да го демонстрираме нашето „не“ на насилството врз жените.

– Во изминатите неколку години Министерството за внатрешни работи и граѓанскиот сектор успеаја да направат крупен исчекор во подигнување на свеста за овој реален проблем, особено семејното насилство кое во најголема мера е токму „медиумот“ каде што жените се најчесто жртви по разни основи. Разбивајќи ги поранешните табуа и стереотипи кон насилството почнавме да се спротивставуваме систематски, нормативно но и превентивно, согласно заканите и последиците кои ги продуцира овој опасен социо-девијантен феномен, истакна Јанкулоска.

Од аспект на МВР, министерката информираше дека полицијата со своите надлежности за постапување на полето на интервенција, превенција, едукација и меѓусекторска координација, значително ги интензивирале активностите во спречувањето на насилството пред се на семејното насилство.

Насилството врз жените, според постојаниот координатор на Обединетите Нации, Луиза Винтон е едно од најраспространетите и како што рече, воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права.

-Глобалбно, една од три жени ќе доживее физичко или сексуално насилство во некој момент од својот живот, во многу случаи токму од својот интимен партнер. Скоро половина од жените убиени во текот на 2012 година, настрадале од својот партнер или член на семејството, нагласи Винтон.

Статистички, рече таа, силувањето и домашното насилство претставуваат поголема закана за жената отколку ракот, сообраќајките, војните и маларијата заедно. Таа повика на одговорност за сторителите на насилство како и за потребата за подобра едукација за помладите генерации кои треба да знаат дека „вистинскиот маж не удира жена“.

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ порача дека мора да престане насилството врз жената за која, како што рече, покажува црната статистика каде секоја трета жена е жртва на насилство која многу ретко проговорува за трагедијата што и се случува. Соочени со таквиот страв, рече градоначалничката, жените се навикнуваат на таквата „имитација на живот“.

-Што можеме ние да сториме за ова да се сопре. Пред се да не ја вртиме главата настрана туку да се залагаме за концепт на здраво семејство, здрави заедници во кои улогата на мажот и жената еднакво ќе се ценети и каде жените можат подеднакво да партипицираат како мажите, истакна Беличанец-Алексиќ.

Таа додаде дека дури тогаш голем дел од превенцијата за насилството врз жените ќе биде завршена.

Според статистиката до септември оваа година МВР евидентирало 635 кривични дела сторени при семејно насиство што претставува 25 отсто повеќе од лани за истиот период. Извршители во 90 проценти од делата се мажи, а идентичен е процентот на жртви во кој се жените. Бројот на поплаки за девет месеци односно до септември е над 3.200 што е за 36 отсто повеќе од лани за истиот период. Најголем број од поплаките се поради психичко малтретирање на жртвата, потоа следат физичкото и поплаките за малтретирање од економски побуди.

КичевоМк ја поддржува оваа иницијатива.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,