Внимавајте: На Стража интензивно врне снег

Поради интензивни врнежи од снег кој се задржува на коловоз воведена е забрана за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Стража и Гостивар – Маврово.

На останатите патишта во државата, како што информира попладнево Авто Мото Сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива без забрани.