Street workout парк во Крушино

Категории: Кичево, Слајдер

Krusino street workout (1)

Спортско-рекреативниот центар Крушино, како еден од малкуте и постари рекративни центри во Кичево е нашиот најпосетен терен во летните денови. Го посетуваме сите, вежбаме, развиваме кондиција и уживаме во природата и чистиот воздух. Како што знаат оние кои го посетиле, содржи се што треба да има еден таков центар: патека за трчање, тревно фудбалско игралиште, асфалтно фудбалско игралиште, тениско игралиште и кошаркарско игралиште, кои се од огромно значење за неговите посетители. Но, нешто недостасува. Недостасува еден парк составен од справи за вежбање. Знаете, после трчање, вратило, разбој,…. и ред ред други комбинации од вежби кои на секој посетител би му биле од огромно значење. Уживање! Street workout, односно уличен тренинг, е нешто не толку познато за нашето поднебје, исто толку и не доволно има заинтересирани за таква форма на спорт.

Со текстов сакам да апелирам до сите кичевчани, сите спортисти и сите почитувачи на здравиот живот и оние кои тренираат редовно, да ми помогнат во мојата намера да се изгради еден таков комплекс составен од конструкции со чија помош би ги трансформирале нашите тела во совршени атлет-фигури и со тоа би си помогнале во здравиот живот. Текстов, како кратко запознавање со „стрит воркаут“ спортот, го напишав во аматерска лингвистичка форма и во разбирливи, кратки реченици и неколку фотографии од изградени/планирани конструкции на вакви паркови во светот и во соседните земји и градови, со цел за полесно разбирање на идеата.

Еден ваков, за почеток, многу добро би стоел под тениското игралиште! :) Ги замолувам читателите да го споделат текстов со цел поголемо информирање и заинтересираност кај нашите граѓани, чии дечиња најмногу би се радувале и придобиле од изградбата на ваков парк.

 Драган Савески

Напомена: сликите се земени од соседните земји и градовите од Македонија.

 Krusino street workout (2) Krusino street workout (3) Krusino street workout (4) Krusino street workout (5)

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,