Несекојдневна појава: Штркови ќе предизвикаа проблеми на мечот во Кичево

Категории: Кичево

Несекојдневна случка ќе предизвикаше проблеми на фудбалскиот натпревар Напредок-Гостивар, што  во неделата се одигра во Кичево.Причина за оваа конфузија  беа штрковите кои имаат гнездо во непосредна близина на градскиот стадион во Кичево и кои се подготвуваа за лет на долг пат.

Тие за цело време на натпреварот го надлетуваа фудбалскиот терен, за во еден период да летаат толку ниско што буквално беа над главите на фудбалерите,судиите и гледачите.Постоеше реална опасност при толку низок лет да се удрат во некој од актерите, при што можат и да го повредат.
Во неколку минути фудбалот беше во втор план, бидејќи главни актери беа штрковите кои важат за најмирољубиви суштества а  кои  можеа да предизвикаат инцидент.Сепак на крајот се добро се заврши,штрковите летнаа високо а натпреварот продолжи со својот норален тек.
-Добро е што во овие моменти натпреварот беше одлучен и посетата  на штрковите не влијаеше на играта и резултатот.Сепак се виде дека се толку адаптирани на просторот, што не можеа да ги попречат ни толку луѓе ни викотници на стадионот-рекоа  присутните гледачи по натпреварот во Кичево.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,