Кичевчанка е најдобриот студент на Битолскиот универзитет!

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола со свечена академија го одбележа патрониот празник.

Во рамките на академијата за оваа година за најдобар студент на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола беше прогласена Александра Јакимовска од Технолошко-техничкиот факултет-Велес, дисперизирани студии во Кичево.  Јакимовска студиите ги заврши со просечна оцена 10!

Во рамките на свечената програма беа доделени и други награди и признанија за истакнати студенти од овој Универзитет.