Македонски студенти го одбранија Уставното име

Категории: Македонија, Слајдер

Александра Лозаноска од Прилеп и Александра Луканоска од Кичево и Слободан Јовановски се студенти на втора година на отсекот за Геодезија при Градежниот факултет во Скопје. Од почетокот на годинава почнале да работат на апликацијата за прием на Република Македонија во оваа организација на Геодези, стара 25 години со над триесет земји членки од сите континенти. Иако се соочиле со потешкотии тоа не ги дестимулирало да стигнат до целта, посебно горди што Република Македонија станала членка со Уставното име

Александра Лозаноска од Прилеп и Александра Луканоска од Кичево и Слободан Јовановски се студенти на втора година на отсекот за Геодезија при Градежниот факултет во Скопје. Секојдневно го збогатуваат своето знаење во оваа област преку теоретската настава и практичната работа која почнува со запознавање на инструментите под будното око на асистентот Златко Богдановски.

Контактите од едногодишните студии во Словенија, но пред се желбата да се претстави пред светот што е актуелно на планот на Геодезијата во Македонија, ја натерало Александра Лозаноска да аплицира за учество на меѓународна конференција од оваа област која се одржала во Вроцлав-Полска. Заедно со колешката Александра Луканоска и со уште еден колега, од почетокот на годинава почнале да работат на апликацијата за прием на Република Македонија во оваа организација на Геодези, стара 25 години со над триесет земји членки од сите континенти. Иако се соочиле со потешкотии тоа не ги дестимулирало да стигнат до целта, посебно горди што Република Македонија станала членка со Уставното име.

Александра Луканоска пак ни откри дека конференцијата била одлична можност да се претстави Македонија она што е. Наоружани со цедиња на спотот  Македонија вечна на Милчо Манчевски и домашни ајвар вино и сирење, ги освоиле симпатиите на присутнит.

Благодарни се што деканот на Градежниот факултет Милорад Јовановски им помогнал со финансии за патувањето и учество на конференцијата, кој пред камерата на Канал пет откри дека факултетот прави се да учествува на светските форуми каде Македонија котира или има шанса за прием со уставното име.

Следна цел на двете Александри на која ќе работат е геодетскиот свет да го донесат во Македонија преку организирање на некоја следна конференција во Македонија. Дотогаш ќе ја изучуваат Геодезијата во Македонија, каде и го гледаат својот професионален ангажман во иднина.

Извор: Канал5

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,