Демирхисарските средношколци добија наставна шума

Категории: Демир Хисар, Македонија

На денот кога демирхисарските среношколци, нивните родители и наставниците ја одбележуваат 140 годишнината од раѓањето на својот патрон, Крсте Петков Мисирков, Општината Демир Хисар ја опкружи веста за отворањето на првата „Наставна шума“ – наставен обект кој што се смета дека е единствен во Република Македонија.

Овој наставен објект кој што се наоѓа во месноста Липинци, зафаќа површина од 1,5 хектари дабова и борова шума кој што за потребите на шумарската струка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ го додели на користење за едукативни цели Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Наставната шума со целокупната и разновидна ендемична флора и фауна, како и со опремата што ќе биде поставена и изработена од страна на учениците и наставниците, ќе биде новата училница во природа и треба да претставува солидна материјална основа за квалитетна настава за учениците од шумарската и дрвопреработувачка струка од ова општинско училиште.

– Овој концепт го развиваме подолго време и очекуваме многу повеќе да го подобри квалитетот на наставата. Но исто така очекуваме да се обезбедат повеќенасочни придобивки кои ќе значат посебна грижа за заштита на зеленилото на овој шумски предел во близина на градот Демир Хисар, но во иднина да прерасне и во интересна форма за рекреирање и одмор на граѓаните. – рече директорот Кире Ристевски по свеченото отворање на шумските порти на „Шумата“.

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Љупчо Блажевски кој ги одложи сите договорени службени и протоколарни состаноци за да присуствува на овој несекојдневен настан.

– Имаме цел и таа е заедничка. Ќе тежнееме целосно да ја реализираме. За овој како и за сите нови проекти, како досега, така и отсега, ја имате целосната и бесрезервна поддршка, и ќе бидеме вашиот ветер којшто постојано ќе бие и ќе биде зад вас. – рече покрај другото градоначалникот Блажевски во своето пригодно обраќање.

Годинашното 39то одбележување на годишнината од раѓањето на Крсте Мисирков, патронот на училиштето беше исполнето со седумдневни максимедијални изведби и спортски натпревари кои што беа организирани во рамките на спроведувањето на проектите за мултиетничка интеграција во образованието и заедничка грижа за правилно насочување на учениците.

На годинашното чествување на патрониот празник присуствуваше и делегација од партнерското училиште „Дрита“ од Кичево.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,