Денеска е Преподобна маченичка Анастасија Римјанка и св. мач. Кирил

Категории: Македонија

Света Анастасија се роди во Рим од благочестиви родители. На тригодишна возраст остана сираче и ја прибра еден манастир, во кој игуманија беше некоја Софија. Поминаа 17 години и света Анастасија се прочу меѓу христијаните по доблесниот живот, а меѓу паганите по убавината.

Кога тогашниот градоначалник слушна за неа, испрати луѓе да му ја доведат. На судот, света Анастасија изјави дека е христијанка и беше ставена на маки. Додека ја измачуваа, таа два пати побара вода. Некој христијанин, по име Кирил, и пристапи и ја напои. Заради тоа му ја отсекоа главата. Најпосле, и света Анастасија ја изведоа надвор од градот и ја погубија, а Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба.

Света Анастасија и свети Кирил пострадаа за Христа за време на Декиј (249-251).

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,