Денеска е Св. Јован Милостивиот

Категории: Македонија

Sv Jovan Milostiviot
Роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин. Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца. Но, семејниот живот не му пречел непрестано да напредува во доблесниот живот. Кога му умреле жената и децата, бил избран за патријарх во Александрија. Ја управувал оваа Црква десет години. Од сите доблести, посебно го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив. Се успокоил на Кипар, во своето родно место, во 620 година. Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград, па дури во Будимпешта, и најпосле во Пресбург.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,