Денеска е Св. маченици Галактион и Епистима

Потекнуваа од Едеса Феникиска. Кога Галактион стаса за женење, татко му го сврши за некоја девојка Епистима. Меѓутоа, тие продолжија да живеат девствено и наскоро се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир, и многу напреднаа во доблесниот живот. Повторно се видоа дури пред смрт. Зашто во тоа време дојде до големо гонење на христијаните, па и Галактион и Епистима беа ставени на маки. Им ги отсекоа рацете и нозете и најпосле ги погубија. Нивните тела ги зеде и ги закопа некој Евтолиј, кој прво беше слуга кај родителите на Епистима, а подоцна монахуваше заедно со Галактион. Ова се случи во 253 година.