Денеска е Св. маченик Платон

Категории: Македонија

Sv Platon

Свети Платон потекнуваше од Галатиска Анкира, Мала Азија. Се роди од родители христијани, кои го воспитаа во Христовиот дух. Свети Платон никогаш не ја криеше својата вера, па за време на едно гонење беше изведен пред суд. Кога судијата го наговараше да принесе жртва пред идолите за да си го спаси животот, свети Платон му одговори: Има два вида смрт: едната е привремена, а другата вечна; а има и два живота, краткотраен и вечен. Свети Платон го избра вечниот живот во својот Христос, пострадувајќи за Него во 266 година.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: