Денеска е Св. маченик Варлаам и св. пророк Авдиј

Категории: Македонија

Sv-Varlaam-Sv-Avdij

Свети Варлаам беше Антиохиец. Заради верата во Христос како Бог, беше изведен пред суд и мачен. Најпосле, мачителите на дланката му истурија жар, а одозгора ставија темјан, сакајќи да го натераат да го фрли жарот со темјанот пред идолите, па така да го натераат да ги окади. Но, Варлаам долго го држеше жарот во дланката, додека дланката сосема не му изгоре. Потоа, свети Варлам издивна од големата болка и го прададе својот дух на Бога. Пострада во 304 година. Денес Црквата го слави и свети пророк Авдиј, кој живееше 900 години пред Христос.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,