Спи несто, спии. Свекор ти прдна… (12)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

„Да су пак неста, зна како да гувеа“ …….Можит да е така, да биле во право нестите мажени, ама ако не ти кажат дека имат некој свекор ко .астета …….. Тазе неста донесена во куќата. Куќата класика, со распоред по тогашна мода. Влегуваш од тремот* преку поголеми камења втиснати во земјата на растојание од половина метар, кои служат како некој вид денешен бекатон, претсобјето со земјен под (практичен !! за фрлање вода по потреба од собите) од кое се влегува во две соби лево и десно, дрвени скали кој водат до горниот спрат, а веднаш до нив клетот, пондилата за крупната стока (крава со теле, ѕевгар волови, магаре, коњ …. итн. Во претсобјето ставен млечник* за чување на кисело млеко, маштеница, маст (кајмак). До него бутинот, за вадење маст од млекото. Десно една соба со поголеми димензии, отворено огниште за правење јадење во грнци и обесен на синџир бакарен ѓум со топла вода во секој момент (нешто како бојлерче). Веднаш до влезната врата водник* со земјени дулиња и поголем ќуп со вода за кување. Шпорет на дрва (луксуз за тоа време) како олеснување за домаќинката при кување на млекото, јадењето ….. Софра за ставување обесена повисоко на еден од зидовите која служи за колективно јадење на сите домашни, (после јадењето пак се закачува на зидот) и задолжително 2 кревети во неа. Две пенџериња на кои неизоставно има сат будилник, разни хартии и адреси од најблиските, понекој ржан леб за „пците“, прибор за бричење, огледалце ….. На таванот вградени, обесени дрва (како кириличната буква У) кои кога ќе се поврзат со дренов стап, служат за сушење на месото и колбасите, а по потреба може да се закачат алиштата од малите деца. Над наддадениот дел од огништето кој служи како оџак, газиена ламба со фитиљ, светалце која служи за осветлување во ноќните саати, две јамачиња* …… По потреба се додава рогузина* за спиење на подот, за „целосна искористеност на топлината од огништето“. Соба лево, исклучиво за гости и блиски кога доаѓаат на поседок со најнови дифтици*, веленца и некое ќебе „Амбасадор“.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

До колку е направен горниот спрат, најчесто едната од собите служи за чување на сите намирници – потребштини. Собата за првоженетото машко чедо нужно да се наоѓа дијагонално спротивно на другиот крај од долната соба со огништето, за „раат“ да се младите во спиењето и да не паѓа прашина од таванот при сексуалните брачни обврски. Кога е отсатен младоженецот, нестата на спиење заедно со свекрвата во собата со огништето. Ноќ, се слушнал пукот со призвук на рушење камења, дрва ……. Скокнала невестата од сон ко попарена и викнала: – „Маајкооо ѕид се рушит !!??…./СПИ, НЕСТО СПИИ, СВЕКОР ТИ ПРДНА …..со најутешителен, смирувачки тон се огласила свекрвата.

Трем* – дворно место пред куќата. Јамачиња* – дебели бакарни садови со рачка (налик на лонче) за топење маст кои служеле за прскање на зелник, печиво, сутпите …….. ммммммм……. Рогузина* – исплетена постилка за под од сува ржана слама како пружина, со димензии 2, 5 х 2 метри и со дебелина од 3 – 4 сантиметри, кој се фрла на подот и служи како изолатор. Над неа се става мутаф (од ткаена стрижена козина од коза), па дебел волнен покроец и сето тоа покриено со дифтик од 4 дипли …….. Водник* – дрвена сталажа за вода. Млечник* – дрвено ормарче со две врати кое служело за чување на кајмак, кисело млеко, итн …… Дифтици* – јамболии

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,