Она што го правите денес, ќе ве прати цела година

Категории: Македонија

На денешен ден (2.Јануари) се празнува Свети Игнат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година, бидејќи постои верување дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година.

Кога Игнатиј бил дете Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно”.

Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години.

Настрадал за време на римскиот цар Трајан. По победата над Трачаните и Скитите царот наредил на римските богови да им се принесат жртви сметајќи дека тие му помогнале да извојува победа. Христијаните одбиле тоа да го направат, особено против тие обичаи биле црковните старешини. Меѓу нив бил епископот Игнатиј.

Царот Трајан самиот дошол во Антиохија за да разговара со епископот Игнатиј, да го разубеди и да го врати во идолопоклонството. Но кога видел дека не може тоа да го постигне наредил епископот да го одведат во Рим и да го фрлат на ѕверовите. На 20 декември (според стариот календар) 106 година Светиот свештеномаченик Игнатиј во еден амфитеатар во Рим бил фрлен пред два гладни лава кои го растргнале на очиглед и задоволство на многубројна публика. Се јавувал повеќе пати по смртта, правел чуда и им помагал на сите што ја барале неговата помош.

Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината или со споменот на раѓањето на Исус Христос.

За денешниот ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.
Ако денеска некој ви побара пари, обидете се да не му позајмите, бидејќи тоа ќе ви се случува во текот на целата година.
Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на денешен ден да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е денеска да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игнат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.
Запомнете дека во сите обичаи од постарите и попаметни луѓе има и мала вистина. Затоа вие денеска направете нешто добро. Бидете внимателни, и не го правете она што не сакате да ви се случува цела година. Денеска заборавете на нервозите и проблемите, и насмејте му се на секој оној кој размислува поинаку од вас.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,